По неколкуте реакции на фудбалери на напитоци на спонзори, се огласи со реакција и УЕФА. Оттаму побараа од сите 24 репрезентации да престанат играчите да ги тргаат стратешки позиционираните напитоци на спонзорите.
-Тоа е важно бидејќи заработката од спонзорите е важна з натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неоходни за да се осигура развојот на фудбалот во цела Европа. Никогаш не ги казнуваме директно играчите, тоа го правиме преку фудбалските сојузи и тие се обврзани да ги почитуваат правилата на натпреварувањето, вели директорот на натпреварувањето Мартин Кален.
Тој додава дека ги разбира играчите како Погба кои тоа го прават од религиозни причини.