Home Регион Словенија прогласи крај на епидемијата од Ковид

Словенија прогласи крај на епидемијата од Ковид

0
Словенија прогласи крај на епидемијата од Ковид

Словенија прогласува крај на епидемијата од Ковид 19, но сепак ќе останат на сила одредени епидемиолошки мерки.

Владата на Словенија донела одлука да не ја продолжи состојбата на епидемија, но мерките како носење маски во затворено ќе остане на сила се додека земјата не влезе во тн. „зелена фаза“. Очекувањата се дека тоа ќе се случи кон крајот на јуни или почеток на јули.

Исто така на сила останува и мерката за ограничување на број на присутни на затворено.

Во Словенија, во последното деноноќие биле евидентирани само 24 нови случаи на коронавирус од 1.023 тестирани лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Дневно