петок, август 6, 2021
HomeМакедонијаСПМ: Не прифаќаме yцeни од ДУИ за Резолуцијата

СПМ: Не прифаќаме yцeни од ДУИ за Резолуцијата

Доколку за ДУИ Резолуцијата во предложената форма е неприфатлива и бара сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа, тогаш Социјалистичката партија на Македонија преку своите пратеници нема да го обезбеди тој замислен и лицемерен “консензус” и нема да прифати било какви условувања и уцени со некакви дополнувања или изоставувања во текстот, како што нема да биде дел од организираниот театар како дел од антимакедонското сценарио сред Собранието на Република Македонија, соопштуваат од Социјалистичката партија на Македонија.

Од СПМ велат дека ова е можеби последен обид за сочувување на македонската посебност и достоинство.

-Денес, веројатно во последниот обид за сочувување на македонската посебност и достоинство, со Резолуцијата се предлага преговорите со Бугарија да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување, велат од СПМ.

Во соопштението се вели дека партијата уште во 2017 година понудила Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси, но за жал тогаш изостанале реакциите од политичките фактори.

– Претчувстувајќи ги тешките предизвици што ќе следат, уште на почетокот на 2017 година ја понуди сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси. За жал изостанаа реакциите од политичките фактори, повеќето опседнати со обезбедување на собраниското мнозинство и испишување на одредени неразумни “гаранции”, со што тогаш не се исцртаа македонските црвени линии, се вели вво соопштението на СПМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно