понеделник, ноември 29, 2021
HomeРегионСрбија ги олабавува мерките – угостителите на отворено без забрани, дозволена е...

Србија ги олабавува мерките – угостителите на отворено без забрани, дозволена е музика и матурски прослави

Во Србија од денеска во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските објекти, продавниците за малопродажба, спортските настани и матурските прослави.

Новите мерки кои се воведени поради  постабилната епидемиолошка состојба во државата предвидуваат сите продавници за малопродажба да можат да работат без ограничувања. Угостителските објекти ќе можат да работат на отворено без забрани, а во затворени простории до еден часот по полноќ и дозволена е музика.

Дозволено е присуство на публика на стадионите и сите спортски настани. Од денеска дозволени се екскурзии, а дозволени се и матурски прослави, со максимум 500 луѓе во затворено.

Мерката за носење маски во затворен простор остана во сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно