Home Актуелно Србите од денеска бесплатно ќе возат од Табановце до Богородица

Србите од денеска бесплатно ќе возат од Табановце до Богородица

0
Србите од денеска бесплатно ќе возат од Табановце до Богородица

Државјаните на Србија од денеска на полноќ ќе можат бесплатно да минат на патарините по автопатот од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица. Секој кој со автомобил доаѓа од нашиот северен сосед ќе добие м-смарт картичка со која ќе може да ги мине патарините до граничниот премин со Грција. На картичките има по 760 денари, колку што чинат патарините во два правци од Табановце до Богородица. Изработени се 65.000 картички, а ќе ги дели МВР и тоа по една на секој автомобил.

Српските државјани ќе имаат можност да ги користат бесплатно патарините до 15 август, а картичките кои ќе ги добијат ќе може да ги надополнуваат и да ги користат во иднина.

Владата донесе одлука да ги ослободи од плаќање патарина српските туристи кои во летниот период ќе патуваат низ Коридорот 10, како благодарност кон Србија за донацијата на вакцини против Ковид 19. Ослободувањето од плаќање не важи за патарините на другите автопати.

За оваа цел Владата издвоила 172 милиони денари со кои е планирано да се изработат 200 000 картички.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Дневно