петок, август 6, 2021
HomeЕкономијаСтрујниот ценовен шок ќе се амортизира со намалување на ДДВ-то за струја

Струјниот ценовен шок ќе се амортизира со намалување на ДДВ-то за струја

За да не го почувствуваат поскапувањето на електричната енергија, владата ќе донесе одлука за намалување на ДДВ-то за струја од 18 на 5 проценти кое ќе важи една година.

 -Со цел да се ублажи растот на цената на електричната енергија  условена од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, од 1 јули, ДДВ за струја се намалува од 18 на 5 проценти, најави Заев и додаде:

„Од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година ќе биде 5 проценти, потоа од 1 јули 2022 до 1 јули 2023 година, таа  ќе биде 10 проценти, а од 1 јули 2023 година се враќа на 18 проценти.“

Со намалувањето на ДДВ, Заев тврди дека цената на струјата нема да се зголеми до крајот на годината, но сепак не гарантира дека планот на Владата за намалување на ДДВ-то ќе успее затоа што како што вели „може Мицко да блокира“.

-Не можам да гарантирам, оти може Мицко да блокира одредени закони. Сите работи не зависат само од мене. Сега цената на струја на берза е зголемена до 75 долари а ние, во моментов на излезот од коронакризата сакаме да ваков начин да осигуриме дека нема да има покачување за граѓаните да не почувствуваат. Гледаме дека тоа го предлага и опозицијата, добро е што се согласуваме. Сите работи не зависат од мене, но дефинитивно агендата е устроена и државата има стратегија за меко спуштање на цените на либерализација на пазарот. Ние како земја треба да направиме се да не дојде до покачување на цената. ДДВ-то од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули, изјави Заев.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно