Home Спорт УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ

УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ

0
УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ

Марко Арнаутовиќ е казнет со суспензија од еден меч поради навредите изнесени врз македонскиот репрезентативец Езгјан Алиовски на натпреварот од првото коло од групната фаза на ЕУРО2020.

УЕФА одлучи Арнаутовиќ да биде казнет само со неиграње на еден натпревар, па така австрискиот напаѓач ќе го пропушти само натпреварот со Холандија.

Арнаутовиќ беше пријавен од ФФМ поради испадот при постигнувањето на третиот гол за Австрија против Македонија.

По натпреварот тој преку Инстаграм се извини на македонски и на албански за тоа што го направи и негираше дека пцовките имаат расистичка позадина.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Дневно