среда, септември 22, 2021
HomeАктуелноУЕФА отвори истрага: Ќе биде ли казнет Арнаутовиќ за пцовките кон Алиовски?

УЕФА отвори истрага: Ќе биде ли казнет Арнаутовиќ за пцовките кон Алиовски?

УЕФА одлучи да покрене дисциплинска постапка против австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ за инцидентот на натпреварот меѓу Австрија и Македонија во рамките на првото коло од ЕУРО2020. Австриецот е под истрага поради пцовките упатени кон македонскиот репрезентативец Езгјан Алиовски по постигнувањето на третиот гол за Австрија во 89 минута. На видео снимката можеше да се забележи како Арнаутовиќ го прославува голот со пцовки, гледајќи кон Алиовски.

„Во согласност со член 31(4) од дисциплинскиот правилник на УЕФА, назначен беше етички и дисциплински инспектор за да спроведе истрага во врска со инцидентот во кој беше вклучен Марко Арнаутовиќ, што се случи за време на натпреварот меѓу Австрија и Македонија на 13 јуни, во групната фаза од Европското првенство 2020“, се наведува во соопштението на УЕФА.

По натпреварот, Арнаутовиќ јавно се извини за потегот на македонски и на албански јазик.

Алиовски денеска на прес конференција во врска со настанот рече дека не чул добро што рекол Арнаутовиќ, но дека УЕФА има видео снимки од кои може да утврди и да одлучи дали треба да биде казнет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно