Шест илјади луѓе чекаат да добијат бугарско државјанство, велат од бугарското Министерството за правда за БГНЕС. Во периодот од 31.05.2021 до 08.06.2021 година, издадени се вкупно 1.070 потврди за државјанство од Дирекцијата за бугарско државјанство.
Министерството уверува дека работат на зголемување на бројот на работни часови што можат да се резервираат по електронски пат. И тие ветуваат дека со новите мерки ќе се надмине огромното чекање.